Нашата мисија е целосна, навремена и постојана контрола на работата на нафтоводот Вардакс.

Мисијата на Трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје е да се обезбеди редовен пренос на нафтен дериват дизел од централата на АД Вардакс во Солун до терминалната станица во Окта- Миладиновци.

Редовен пренос на дизел значи редовна исплата на дивиденда кон „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје односно Владата на Република Северна Македонија во својство на единствен содружник.

Друштвото постојано и целосно е посветено на мисијата во својот домен на работа да ги подобрува условите за работа, Друштвото работи, констатира и ги контролира сите предности и потенцијални ризици од работењето на нафтоводот со што во иднина би давал придонес за растот на македонската национална економија.