Трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје постојано ќе ги обучува своите кадри со што би се вршела поголема контрола на работењето на нафтоводот како би се обезбедил јавениот интерес: навремен и стабилен пренос на нафтен дериват дизел и помала цена на горивото дизел, подобрување на бизнис климата во државата.

Друштвото има визија дополнително да го прошири својот круг на работа како Еско компанија, во својство на правно лице во сопственост на Република Северна Македонија кое би работело на проекти од енергетска ефикасност за државни објекти. Државата има повеќе од 2000 објекти.

Трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје, како Друштво во сопственост на Владата на Република Северна Македонија во областа на енергетиката е соодветно за Еско компанија.

Вредности кон кои се стремиме:

– Транспарентна работа на компанијата;
– Оптимизација на сите ресурси;
– Заштита на животната средина;
– Креирање препознатлив имиџ на општествено одговорна компанија која ќе ја подобри економијата и бизнис климата во земјата на Република Северна Македонија;