Седницата ја отвори и на неа претседаваше Горан Милевски, претседател на Комисијата за економски систем

На седницата беа поканети претставници, пратениците во Собранието на Република Македонија, господинот Јанез Копач директор на Секретаријатот на енергетската заедница, господинот Кочо Анѓушев заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, господинот Крешник Бектеши министер за економија, господинот Садула Дураку министер за животна средина и просторно планирање, господинот Јани Макрадули заменик министер за животна средина и господинот Кире Наумов заменик министер за економија, претставници од независните регулаторни тела, државни институции, компании во државна сопственост, претставници од бизнис секторот од оваа област, експерти, претставници од различни организации, институции, здруженија и претставници од невладиниот сектор од оваа област.На јавната расправа присуствуваа и директороте на Мепсо, Елем, Бег, Окта, Вардакс, Нафтовод (дир-Марјан Огњановски) и др.
Комисијата на дневен ред имаше јавна расправа по предлогот на Законот за енергетика.

Министерот за Економија Крешник Бектеши во делот на своето излагање зборуваше за важноста и бенефитите кои произлегуваат од новиот закон за енергетика. Во неговот излагање тој зборуваше за европските директиви кои се усвоени и имплементирани со новиот закон. Еве интегрален дел од неговото обраќање:
Да ве известам овој закон ги вклучува и 5-те директиви непосредно од Европската унија како и 3 регулативи меѓутоа главната цел на овој закон не е ние само да ги усогласуваме нашето законодавство со законодавството на Европската унија. Главната цел на овој закон е ние како Влада да овозможиме сигурно снабдување и квалитетно снабдување со енергија за домашните потрошувачи. Истовремено друга главна цел е и заштитата на правата на потрошувачите особено и на незаштитените потрошувачи. Новина во однос на овој закон е либерализација на електричната енергија и природниот гас воедно и обновливите извори, ние предвидовме со овој нов закон да воведеме освен тарифите што беа досега и моделот на премии.Ние како Влада тука ние сме посветени производство на електричната енергија лека полека користејќи природни ресурси да им дадеме можност на обновливите да заземат едно место кое што го заслужуваат во Република Македонија и истовремено на овој начин и да привлечеме и странски инвеститори и домашни. Една друга новина е и можноста на малите и средните претпријатија и семејствата да постават сончеви панели кои ќе ги користат за своите потреби и тоа што и другиот дел да го пренесат во другиот систем.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев со своето обраќање навлезе во суштината на новиот закон, објаснувајќи го бенефитот од неговото донесување, посебно осврнувајќи се кон бенефитот кои го носи конкурентноста за крајните корисници. Еве дел од неговото обраќање:1234
Ако треба законот да го објасниме со еден збор тоа ќе биде зборот дека ова овој закон обезбедува конкурентност. Секаде каде што имаме конкурентност тука имаме бенифит за крајните корисници бидејќи само во тој случај ќе се зголемат квалитетот на услугите и ќе се намалат цените на тие услуги.
Сакав само да ве потсетам на два примера, што се случи кога се воведе конкурентност во мобилната телефонија и што се случи кога се воведе конкурентност на слободниот пазар толку на енергија толку колку што е либерализиран во Македонија. Цените драстично паднаа, квалитетот на услугите се зголемија, операторите односно економските субјекти кои што ги нудат услугите во борбата за освојување на пазарот секојдневно ги подобруваат квалитетот на своите услуги и се борат за дел на овој пазар. Секаде каде што имате монопол имате девастирање на интересите на граѓаните. Овој закон се бори и овозможува да има конкуренција во сите сегменти во енергетското живеење во Република Македонија.
Тоа е неговата суштина.
Втора компонента која што е застапена во овој закон е да се внимава државната компанија ЕЛЕМ да премине да работи во пазарни услови но тоа да биде постепено .
Трета карактеристика што овој закон има е максимално подржувачки за обновливите избори на енергија.
Јас сум убеден конечно дека граѓаните на Република Македонија ќе добијат закон како што заслужуваат, Европски закон како што го имаат сите граѓани во Европската унија.

За важноста на имплементирањето на европските директиви во законот за енергетика зборуваше и директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Јанез Копач. Тој се осврна на почетоците на подготовката на овој закон и недостатокот на политичка воља во минатото за имплементирањето на европските директиви во нивната трета фаза. Еве интегрален дел од неговото обраќање пред пратениците, министрите и присутните од бизнис секторот за енергетика:
Овој нацрт закон прв пат беше изготвен во 2014 година. Го дискутиравме доста интензивно со претходната Влада. Со господинот Пешевски и со други луѓе работевме на доработка на одредбите на законот. Дојдовме негде до 90% од текстот но немаше политичка волја да се финализира процесот. Во тоа време се работеше на еден голем закон за енергетика кои што беше сеопфатен. Да опфати се што е во врска со енергетиката. Кога денешнава Влада дојде на власт повторно го разгледавме пристапот и Владата одлучи оваа тема да се подели во два дела. Едниот дел да биде законот за енергетика кои што еве денес е пред вас, кои што ќе ги вклучува пазарите за електрична енергија, за гас и од надлежностите на Регулаторната комисија за енергетика а вториот дел од областа ќе се однесува на прашања од областа на енергетската етика бидејќи Европската Унија има три директиви што Македонија како член на енергетската заедница треба да ги пренесе во својата правна рамка.Законот се осврнува исто така на обновливите извори на енергија, вицепремиерот Анѓушев говореше за тоа. Постојниот систем со таканаречените фидинг тарифи е прескап теоретски. Многу земји во Европа скоро да банкнотираа поради тоа. Бугарија беше еден таков пример, Италија, Шпанија, Чешка Република, а сега и други земји го имаат овој голем проблем на пример Украина. Мора итно да се смени системот со фидинг тарифи со систем на аукција.Последната работа што сакам да го кажам што законот не носи, но сум го слушнал тоа во некои јавни дискусии не носи обврска да се приватизира било што.

Консултантот од Јуесеј Славе Јовановски во своето обраќање во најголем дел се осврна на делот на регулаторните тела. Еве дел од неговот обраќање:444
. Со законот се уредуваат целите и начинот на спроведување на енергетската политика, статусот и надлежноста на Регулаторната за енергетика, изградбата на енергетските објекти, пазарите на електрична енергија, природен гас, топлинска енергија и пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт. Особено важно е што законот за разлика од постојниот закон дава поголем акцент на обезбедување на јавната услуга на пазарите на енергија и особено ја потенцира заштита на правата потрошувачите и корисниците на енергија и корисниците на енергетски системи. Друг значаен сегмент е начинот на користење и би рекол маркетирање на обвновливите извори на енергија, а исто така законот уредува и други прашања кои што се нормален составен дел на еден закон, на пример надзор, казнени одредби итн. како и до сега постојат два типа на енергетски дејности, регулирани и нерегулирани…

На јавната расправа со свое видување и дискусија учествуваа и голем број на експерти, еколози, бизнис секторот како и дел од граѓанскиот сектор, а главниот заклучок е дека со имплемнтирањето на овој закон Р. Македонија во голема мера се приближува до европското законодавство и со тоа се приближува и до целосното интегрирање кон Европската Унија.
Во прилог го имате целосниот записник од оваа јавна расправа…