13-тата Техничка конференција (13th Pipeline Technology Conference), наменета за високопритисни цевководи се одржа од 12 до 14 Март во Берлин – Германија.
На саемот земаа учество повеќе од 70 фирми, кои што се занимаваат со :

  • Производство на мерни уреди наменети за цевководи
  • Производство на вентили и фазонски делови за цевководи

Одржување на интегритет на цевководи – изведба на линиска контрола, контрола без разорување на материјалот итн.
Заштита на цевководи од корозија и губење на метал
Системи за заштита на цевководи од истекување и останато
Одделението за контрола на системот за пренос на нафта присуствуваше на овој настан и се информираше за најновите постигнување во работењето и одржувањето на цевководи од компаниите – оператори, произведувачи на делови за цевководи и сервисери на цевководи. Исто така беше направена размена на контакти, за добивање на инфо за новитетите во нивните производни програми и сервисни услуги.