На 18 и 19 февруари  2019 во Солун – Грција по втор пат се одржа конференцијата Midstream Oil and Gas Congress, наменета за компании кои вршат транспорт на нафта и гас преку цевководи, вклучувајќи и теми од проблематиката на планирање, проектирање, контрола и одржување на интегритет на цевководи.

Конференцијата MOGC 2 претставуваше одлична платформа за пренос и размена на најсиновативните практики и бизнис пристапи помеѓу клучните играчи на нафтениот пазар заедно со нови технички решенија и практични примени, презентирани од искусни инжинерски и сервисни компании.

На конференцијата беа присутни претставниците на НАФТОВОД дооел Скопје. Во текот на конференцијата, тие имаа можност да ги истражат клучните елементи  на цевководниот транспорт, посебно развојот на цевководниот транспорт на енергенси, како и да остварат директен контакт со  претставниците на реномираните нафтени компании.

 

slika2 51915505_396163281196508_352272809596026880_n

slika 7 slika 6