Енергетската Повелба е независна меѓународна меѓувладина организација во која членуваат 52 држави од Европа и Азија меѓу кои и Македонија. Земја домаќин на годишната конференција беше Албанија. Конференцијата се одржа во Тирана на 13 Јуни и на неа присуствуваа министри од владата на Албанија, Урбан Руснак – Генерален Секретар на Енергетската Повелба и повеќе од 200 учесници од Романија, Малта, Азербеџан, Монголија, Украина и други држави членки. На конференцијата се говореше за неопходната транзиција на енергијата  кон производството на чиста енергија, зголемување на енергетската ефикасност и нивните социјално – економски ефекти, како и меѓународното поврзување и регионалната интеграција на Албанија преку изградба на цевководи.

unnamed (2) unnamed (4) unnamed