Македонскиот Енергетски Форум се одржа на 16 и 17 Мај во Струга по втор пат. Премиерот Зоран Заев свечено го отвори МЕФ со кратко обраќање кон присутните. Главна тема на форумот беше енергетската транзиција во светот, како и предизвиците од нејзината примена во Македонија, на која што дебатираа вицепремиерот Кочо Анѓушев, директорот на европската енергетска заедница – г.Јанез Копач, г.Марко Радуловиќ и г.Џавид Зариќи. Делегатите на МЕФ беа информирани за превземените чекори на Владата на Северна Македонија за постепено преминување кон извори на чиста енергија преку примената на еколошките извори на енергија вода, сонце и ветер се со цел постепено намалување на употребата на јагленот како извор на енергија.

Во дискусијата за регионалните предизвици во снабдувањето со гас, г-динот Сотириос Никас, виш советник на извршниот директор на ДЕСФА, Грција информираше за изработката на визибилити студија за поврзување на Македонија и Грција со гасовод. Според моменталните планови овој гасовод би требало да започне да се гради во Јуни 2021.

IMG-5330