Премиерот Зоран Заев посочи дека како мерка на дополнителна грижа за квалитетот на горивата и квалитетот на услугите кон граѓаните државата презела мерки за ад хок мониторинг на контролата на квалитетот на нафтените деривати.

Мобилна лабораторија, опремена според највисоки стандарди со софистицирани инструменти што ќе мерат девет карактеристики на нафтени горива и ќе овозможи на лице место да се провери квалитетот на горивата и дали се тие согласно пропишаните стандарди беше промовирана денеска во Скопје. Со работата на мобилната лабораторија ќе менаџира Бирото за метрологија. Државниот пазарен инспекторат 13 возила за борба против сивата економија.

Премиерот Зоран Заев посочи дека како мерка на дополнителна грижа за квалитетот на горивата и квалитетот на услугите кон граѓаните државата презела мерки за ад хок мониторинг на контролата на квалитетот на нафтените деривати.

– Станува збор за конкретни чекори на мониторинг на целиот пазар со цел граѓаните да можат да видат кој, како и со каков квалитетот го пласира горивото во домашниот промет. Мобилната лабораторија ќе овозможи да биде покриена целата територија на нашата земја, нема да има потреба од користење на услуги од дополнителни лабораториски испитувања надвор од границите на државата како што досега се правеше – појасни Заев.

Тој вели дека отпочувањето со работа на оваа мобилна лабораторија има клучна улога во процесот на усвојување и хармонизација на националното техничко законодавство со она на ЕУ. Додаде дека со јакнење на капацитетите на Бирото за метрологија се обезбедува повисок квалитет на услугите кон бизнис заедницата, потрошувачите и граѓаните.

– За квалитетот на нафтените горива во Северна Македонија се грижат акредитирани лаборатории за нафтени деривати. Овие лаборатории ги имаат усвоено најновите европски стандарди за квалитет на горивата и сите согласно законската регулатива мора да ги задоволуваат тие квалитети, а за резултатите кои произлегуваат од овие лаборатории не треба да има никаков сомнеж – рече Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека како Влада и Министерство покажуваат дека не ги прават реформите само на хартија, туку ги јакнат капацитетите на институциите.

Имајќи предвид дека големи реформи сме направиле во законот за енергетика ние како Министерство до крајот на овој месец ќе ги донесеме сите подзаконски акти и правилници се со цел да воведеме ред што се однесува до нафтата и нафтените деривати. Со набавка на мобилната лабораторија целта на Владата и на Министерството не е да казнува, но да ги заштити потрошувачите. Тоа е обврска на Владата, но истовремено е и обврска што произлегува од Европската Комисија имајќи предвид дека ние веќе ги исполнуваме и поглавјата што произлегуваат за заштита на потрошувачите.

Ова, како што појасни, ќе биде прва мобилна лабораторија што ќе биде во сопственост на државата и оти на брз и ефикасен начин ќе се прават анализи, но истовремено ќе има и други придобивки како што се еколошки, заштита на потрошувачите и слично.