Енергетската Заедница (Energy Community) со седиште во Виена е интернационална организација која има цел да ги води земјите членки на ЕУ и нејзините соседи во формирањето на интегриран пан Европски енергетски пазар. Организацијата е формирана со договор за основање кој е потпишан во Октомври во 2005 во Атина – Грција, а стапи во сила во Јули 2006

Главната цел на Енергетската Заедница е внатрешните правила и принципи на енергетскиот пазар да ги прошири во земјите од  Југоисточна Европа и регионот околу Црното Море на база на правно обврзувачки договор. „Страни“ во договорот на Енергетската Заедница се земјите членки на ЕУ и девет „договорни страни“, меѓу кои и Република Северна Македонија.

На 8 и 9 Октомври во Белград се одржа 11 – иот Нафтен Форум на кој што беа потенцирани последните трендови и предизвици со кои што се соочува нафтениот сектор. Форумот го отвори Г – динот Ерик Сомелар од Европската Заедница. Рафаела Хејн од JBC ENERGY дискутираше за релативно брзото опоравување на производството на нафта и краткотрајните промени на цените после нападот на производните капацитети на Саудиска Арабија на 16 Септмври 2019. На форумот  Делфин Волцке од Белгија, дискутираше за потенцијалните закани од сајбер напади во нафтениот сектор како и можните влијанија  на соседните држави при еден национален напад.

Адријан Јасими од Секретеријатот на Европската Заедница го  објави направениот напредок на договорните страни во однос на транспонирањето на Директивите за нафтените резерви. Република Северна Македонија има направено одреден напредок и нејзините резерви во Септември 2019 биле за 20% поголеми од резервите во Август 2018.

Петер Вајда, експерт за животна средина и член на Секретеријатот на Европската Заедница, направи анaлиза на напорите на Енергетската Заедница и на национално ниво за постигнување климатски неутрален енергетскиот сектор, со потенцирање дека нафтата има главна улога во овој процес.

Договорните страни Црна Гора и Албанија ги споделија нивните искуства од подготовките за усогласување на обврските кон новата Директива за сулфур во горивата и Директивата за квалитет на горивата. Владимир Гагиќ од НИС А.Д. Нови Сад информираше за направената модернизација на рафинеријата и напорите да се задоволат високите стандарди за заштита на животната средина согласно со ЕУ Директивите, во смисол на намалување на содржината на сулфурот во нафтените деривати и емисијата на CO2 во воздухот.

Форумот беше затворен со завршниот збор на  Г – динот Ерик Сомелар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *